Од вечерва нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е и точка за носење одлука за нови цени на нафтените деривати што ќе бидат на сила од полноќ.
-Предусловите се исполнети. РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на горивата што ќе важат од ноќеска на полноќ, изјави за МИА Марина Узунов, портпарол на РКЕ.
Со последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот горивата поевтинија од два до 3,5 денари за литар. Со тоа литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 90 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 92, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90 денари, а Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 87,5 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа