Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од два на 53 случаи: Зошто годинава нагло се шири западнонилската треска?

    Од два на 53 случаи: Зошто годинава нагло се шири западнонилската треска?

    26.08.2026 во 13:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на заболени од западнонилска треска годинава е драстично зголемен. Во истиот период лани биле регистрирани само два случаи, додека годинава се евидентирани 53 пациенти.

    Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

    Во сите претходни години заедно во земјава биле регистрирани 54 случаи и пет смртни исходи, додека годинашната бројка веќе се приближува до тој вкупен биланс. Како една од можните причини Клековски ја посочува миграцијата на птиците, кои се главен природен резервоар на вирусот, но нагласува дека влијаат и други фактори.

    Како пример ја наведе северна Италија, особено регионите Венето и Ломбардија, каде секоја година се спроведуваат слични мерки за контрола на комарците, но бројот на заболени значително варира. Според него, тоа покажува дека ширењето на вирусот не зависи само од обемот на дезинсекцијата.

    Од 53 евидентирани пациенти во Македонија, кај 50 инфекцијата е потврдена, додека за тројца се очекуваат дополнителни резултати. Регистрирани се пет смртни случаи, 21 пациент е хоспитализиран, а шестмина се на интензивно лекување. Повеќето заболени развиле невроинвазивна форма на болеста.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.