Од БРАКО излезе првата генерација Техничари за производно машинство обучена по германски стандарди

Првите техничари образувани во БРАКО по германски модел на практична настава го положија испитот и добија Сертификат со кој се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил.

 

Во БРАКО се спроведува учење преку работа во рамките на програмата за Дуално образование“, на ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, преку која Делегацијата на германското стопанство овозможи во Македонија да се воведат елементи од германскиот модел на дуално стручно образование, според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија.

 

„Изборот за учење преку работа е позитивен тренд затоа што учениците по стекнатите вештини се вклучуваат во  производствените технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини “- вели Олгица Минова ,сертифициран ментор за Дуално образование во БРАКО и член на комисијата за полагање теоретски и практичен испит за струката Техничари за производно машинство.

 

04.08.2023 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа