Стружанец заработи кривична: Со ловечка пушка го усмртил кучето на соселанец

 


ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.

02.12.2024 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега