Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од 59. на 30. место: Македонија со огромен напредок во сајбер-безбедноста

    Од 59. на 30. место: Македонија со огромен напредок во сајбер-безбедноста

    21.08.2026 во 09:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување. Овој резултат е потврда дека Македонија се движи во вистинска насока и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен, организиран и системски пристап кон сајбер-безбедноста. Еден од клучните чекори во тој процес е воспоставувањето нова законска рамка, со која јасно се дефинираат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, велат од владејачката партија.

    Во соопштението се надведува дека со новите решенија се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведуваат обврски за пријавување безбедносни инциденти и се зајакнуваат механизмите за заштита на суштинските и важните субјекти.

    -Тоа значи дека сајбер-безбедноста повеќе не се третира само како проблем на кој се реагира откако ќе се случи инцидент. Наместо тоа, се гради систем со јасно утврдени одговорности, правила и механизми за превенција, навремена реакција и заштита. За граѓаните ваквиот пристап значи побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на клучната инфраструктура од која зависи нормалното функционирање на државата, велат тие.

    Додаваат дека затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира конкретно и системски во сајбер-безбедноста преку современа законска рамка, јасно дефинирани надлежности и механизми што ќе обезбедат долгорочна заштита.

    -Токму напредокот од 29 позиции и пласманот на 30 место во светот претставуваат значајна потврда дека Македонија прави сериозни чекори напред во оваа област. Оваа позиција покажува дека политиките и реформите даваат резултати, но воедно претставува и обврска да продолжиме уште посериозно, посветено и одговорно во градењето  безбедна и отпорна дигитална држава, стои во партиското соопштение.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.