Од 1 ноември се укинува авиолинијата Скопје-Женева

 

Нискобуџетната компанија ИзиЏет (easyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“.

Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината.

ИзиЏет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Релацијата Скопје-Женева во тековната летна сезина ја опслужува двапати неделно, а претходниот летен период имаше по четири лета.

11.06.2024 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега