Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството бара 30-дневен притвор за директорката на „Комуналец“ и двајца раководители

    Обвинителството бара 30-дневен притвор за директорката на „Комуналец“ и двајца раководители

    21.07.2026 во 15:363 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за одредување мерка притвор во траење од 30 дена за директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието.

    Тројцата се сомничат дека со нелегално поставување пумпи во преливната комора во селото Вруток предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува градот Гостивар и околните населени места.

    Деталите за случајот беа соопштени на денешниот прес-брифинг во гостиварското Обвинителство, на кој присуствуваа државниот јавен обвинител Ненад Савески, шефицата на ОЈО Гостивар Елизабета Јосифовска и надлежните обвинители Зура Селими и Хазби Исеини.

    Надлежниот обвинител Хазби Исеини појасни дека се работи за соизвршителство за тешки дела против животната средина и природата, за кои е предвидена затворска казна од најмалку четири години.

    „- Ние се одлучивме против можните сторители, фактички осомничените сега, да донесеме наредба за истрага за тешки дела против животната средина и природата согласно член 234 став 2, а во врска со член 219 став 3 во врска со став 1, а делото сметаме дека е извршено во соизвршителство помеѓу тројцата. Во текот на истрагата, денеска е поднесен и предлог за определување на мерка притвор за сите тројца за 30 дена, бидејќи сметаме дека во оваа фаза на постапката нема друг начин истите да се обезбедат – истакна обвинителот Хазби.“

    Првичните дејствија биле преземени по пријава од граѓани на 16 јули 2026 година, при што на лице место било затекнато внесување на непреработена вода од надворешен канал во системот за пиење.

    Дежурната јавна обвинителка Зура Селими го опиша затекнатото на теренот во Вруток:

    „– На 16.7.2026 година од страна на МВР, ОВР Гостивар, ПС Гостивар, како дежурен јавен обвинител бев известена дека од страна на загрижени граѓани е пријавен настан дека во село Вруток, во водоводниот систем се пренесува вода однадвор, со што се загадува водата во водоводниот систем со кој се снабдува целиот град. Утврдено е дека пумпите се во функција и во моментот на извршување на увидот со истите пумпи се извршува внесување на вода од каналот со непреработена вода внатре во водоводната преливна комора – посочи Селими.“

    Според обвинителните докази, пумпите биле поставени на 24 јуни, а лабораториските анализи потврдиле присуство на фекални бактерии, високи 39 колиформни бактерии во каптажата (каде граничната вредност е нула), како и зголемено ниво на хлор од 1,1 мг/л кај крајните корисници.

    На прашањето за евентуална одговорност на директорот на болницата во Гостивар, од Обвинителството потенцираа дека истрагата нема да поштеди никого.

    „– Се обидувам да го сфатам ова повеќе како забелешка за работата на директорот отколку како прашање, но на делот од прашањето ќе одговорам дека доколку се утврди одговорноста и кај него, истиот ќе биде опфатен. Значи, истрагата ќе ги опфати сите. Нормално е дека ние веќе имавме комуникација со болницата за состојбата – рече Исеини.“

    Пумпите во моментот се надвор од функција и се обезбедува судска наредба за нивно демонтирање и одземање за вештачење, додека забраните за користење на водата за пиење остануваат под надлежност на здравствените и инспекциските органи.

    Прочитај повеќе

    „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје

    20.10.2026 во 14:16

    Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар

    20.10.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.