Close Menu
Press24
    Најново

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20

    Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

    29.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинетиот сериски убиец се прави луд – во судот во Куманово сведочеа 2 преживеани жени

    Обвинетиот сериски убиец се прави луд – во судот во Куманово сведочеа 2 преживеани жени

    31.08.2026 во 18:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот суд Куманово продолжи судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на жени. На рочиштето сведочеа две од преживеаните жртви, а новиот бранител на обвинетиот побара пред судот да бидат сослушани психијатрите и психолозите кои го изготвиле вештачењето за неговата психичка состојба.

    На рочиштето повторно било отворено и прашањето за однесувањето на Бојковски во судницата. На претходното рочиште тој се смеел и гледал кон плафонот, што предизвикало реакции и шпекулации за неговата психичка состојба.

    Невропсихијатарот Мице Дудучки оценил дека ваквото однесување може да се опише како псевдодементно и го поврзал со таканаречениот Ганзеров синдром. Според него, во конкретниот случај однесувањето може да биде поврзано и со обид да се создаде впечаток дека обвинетиот не се сеќава на случувањата. Тој, сепак, нагласил дека постоењето психопатологија не значи автоматски дека лицето е непресметливо.

    Пред судот сведочеле Росанка Трајковска и Слободка Арсовска од Челопек.

    Трајковска сведочела дека Бојковски околу еден час ја тепал и ја допирал по телото, а нападот престанал откако слушнал звук и избегал.

    Арсовска, пак, раскажала дека го затекнала обвинетиот во ходникот од нејзината куќа. Според нејзиното сведочење, тој почнал да ја дави, но ја пуштил и избегал откако таа го повикала името на својот син. Жената потоа изгубила свест.

    Новиот бранител на Бојковски побара да бидат сослушани тројцата вештаци кои учествувале во изготвувањето на психијатриското вештачење.

    Обвинителот Владимир Лапе посочил дека постојното вештачење е јасно и дека Бојковски бил пресметлив во моментот на извршување на делата. Обвинителството нема против вештаците да бидат сослушани доколку судот оцени дека тоа е потребно.

    Судењето треба да продолжи во септември, кога е предвидено да бидат сослушани вештаците, а исказ треба да даде и обвинетиот.

    Бојковски се товари за четири убиства и два обиди за убиство на жени. Конечната оценка за неговата кривична одговорност и пресметливоста ќе ја донесе судот.

    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.