На социјалните мрежи беа објавени две фотографии од поранешниот венецуелски претседател, направени на 25 јуни во притворниот центар во Бруклин. Мадуро е во затворска облека, насмеан и покажува знак на победа.

Во пораката до семејството и поддржувачите вели дека тој и неговата сопруга Силија Флорес остануваат силни и уверени и порача дека „Венецуела ќе се прероди“.

Мадуро и Флорес беа уапсени од американските сили на 3 јануари во Каракас и оттогаш се во притвор без кауција. Во САД се обвинети за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин и дела поврзани со оружје. Двајцата се изјаснија за невини.

Судењето е закажано за 1 јуни 2027 година, а одбраната на Мадуро тврди дека тој не може кривично да се гони бидејќи ужива имунитет како шеф на државата.

Exit mobile version