Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Прилеп и С.А. (32) од Штип поради сомнение дека сториле кривично дело „телесна повреда“.
Според полицијата, на 23 јули 2026 година во Ресен, двајцата пријавени физички и со дрвен предмет ја нападнале нивната 15-годишна ќерка.
Против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.


