Завчера во 20:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градски Парк во Скопје настанал пожар, при што бил зафатен дел од кровна конструкција на објект-работилница во сопственост на Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Exit mobile version