Објавени потерниците за Груби и Бајрами - нивните слики на сајтот на МВР

 

МВР распиша меѓународна потерница по Артан Груби и Перпарим Бајрами откако вчера тоа го побара Обвинителството откако претходно и на двајцата им одреди притвор. Тие се осомничени за криминал од 8 милиони евра при спроведување на јавна набавка во Државна Лотарија.
И двајцата не се достапни на органите на прогонот. Груби сам на социјалните мрежи напиша дека заминал во приватна посета на Косово, а се претпоставува дека на исто место е и Бајрами . Ако се решат да се вратат во Македонија, од граница веднаш ќе бидат спроведени во Шутка.

18.12.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега