Објавен нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во општина Гази Баба

 
 Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска го објави новиот социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани од општината.
 
-Го објавувам новиот социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани погодени од енергетската и финансиска криза. Општина Гази Баба ќе исплаќа паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза како месечен надомест за месеците јануари и февруари 2023 година, напиша градоначалникот Стефковски на својот фејсбук-профил.
 
Во социјалниот пакет се опфатени две категории. Во првата категорија паричната помош е за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени граѓани, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош).
 
Во втората категорија, месечна парична помош е предвидена за корисници на пензија до најмногу 15.000 денари, жители на Општина Гази Баба. За оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 15.000 денари, жители на Општина Гази Баба.
 
Јавниот повик е во тек и од општина Гази Баба ги повикуваат граѓаните да аплицираат.
Линк до јавниот повик: http://gazibaba.gov.mk/.../aven-povik-za-dodeluva-e...
 
-Ова е втор социјален пакет кој го реализира општина Гази Баба за помош на своите граѓани, напиша Стефковски на својот фејсбук-профил.
 

10.02.2023 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега