Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обилни врнежи во Скопје, во Црешево наврнаа 74 литри дожд – УХМР со ново метео предупредување

    Обилни врнежи во Скопје, во Црешево наврнаа 74 литри дожд – УХМР со ново метео предупредување

    02.07.2026 во 09:03Updated:02.07.2026 во 09:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обилните врнежи што ја зафатија земјава во изминатото деноноќие беа најизразени во скопскиот регион, каде во населбата Црешево се измерени 74 литри дожд на квадратен метар. Високи количини се регистрирани и во Лисиче со 63 литри, како и во Гази Баба, каде наврнале 44 литри на квадратен метар.

    Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 8 часот утрово 32 литри на квадратен метар се измерени во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, по 18 во Струмица и на Зајчев Рид во Скопје, 16 на Попова Шапка, 13 во Карпош, по 12 во Претор, 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, девет во Кавадарци, осум во Велес, седум во Петровец, пет во Тетово, а по три литри во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

    Од УХМР појаснуваат дека станува збор за мерења од нивните дождомерни станици и дека, поради локалниот карактер на врнежите, на одредени места можеби наврнале значително поголеми количества дожд од официјално измерените.

    И денеска времето ќе остане нестабилно. Во претпладневните часови се очекува променлива облачност, а по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне се прогнозираат локални врнежи од дожд и грмежи, а на поединечни места се можни поинтензивни невремиња со пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час и појава на град. Дневната температура ќе се движи од 27 до 35 степени.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината се можни краткотрајни невремиња проследени со обилни врнежи и град, а максималната температура ќе достигне до 32 степени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.