Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обид за убиство во Скопје: Ги чекале во заседа па пукале

    Обид за убиство во Скопје: Ги чекале во заседа па пукале

    08.06.2026 во 07:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица, браќа на возраст од 43 и 44 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид.

    Според обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево, каде што осомничените со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, при што во опасност биле доведени и уште две лица.

    Настанот, како што се наведува, произлегол од претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот, движејќи се со возила во спротивни насоки, се допреле со ретровизорите, по што дошло до вербална расправија.

    Во текот на расправијата, првоосомничениот физички го нападнал оштетениот, фаќајќи го за врат и упатувајќи му закани. Ситуацијата била смирена од двајца очевидци кои интервенирале на местото на настанот.

    Подоцна, оштетениот ја зел сопругата од работа и го повикал својот брат заедно да проверат дали е безбедно да се движат по истиот пат. Според наводите од истрагата, двајцата осомничени во меѓувреме ги чекале скриени во грмушки во близина на местото на претходниот инцидент, вооружени со пиштоли.

    Кога возилото поминало покрај нив, првоосомничениот испукал два куршума. Еден од проектилите го погодил братот на оштетениот во пределот на главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, додека животите на другите две лица биле сериозно загрозени.

    Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување или довршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, соопшти Јавното обвинителство.

    Top News
    Прочитај повеќе

    МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“

    23.09.2026 во 14:13

    Приведени девет возачи – меѓу нив неколку малолетници

    23.09.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.