Нуредини: Со посветена примена на конвенциите ќе се делува на биолошката загуба, климатските промени и загадувањето

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска присуствуваше на состанокот на високото ниво на Конференцијата на земјите страни (КОПС) на Базелска, Ротердамска и Стокхолмска конвенција, тесно поврзан со меѓународниот состанок за животна средина Стокхолм +50, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од МЖСПП истакнуваат дека, под мотото „Глобален договор за здрава Планета: Добро управување со хемикалии и отпад“, сегментот на високото ниво, го адресираше придонесот на трите конвенции во справувањето со тројната планетарна еколошка криза: биолошката загуба, климатските промени и загадувањето.

Министерот Нуредини ја истакна потребата од блиска соработка со сите партнери за зајакнување на контролите и подобрување на управувањето со прекуграничното движење на опасниот отпад.

– Главните пораки на министрите учесници, беа адресирани кон можностите за намалувањето на загадувањето, преку имплементацијата на трите конвенции; можностите што ги нуди нивната имплементација за придвижување кон управувањето со животниот циклус на хемикалиите и отпадот и можностите што ги отвора промоцијата на новите и чистите технологии и иновативниот пристап за финансирање, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

01.06.2022 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега