Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста

    18.08.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина уште еден пациент од западнонилска треска на Инфективна, хоспитализирани се 20 лица
    • Мицкоски: Армијата е силата што стои зад безбедноста на државата
    • Мисајловски: Модернизацијата на Армијата тече според планот, пристигнуваат и првите нови хеликоптери
    • Сиљановска-Давкова од Охрид: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира
    • Тошковски од Охрид: Силна Армија и силна полиција значат сигурна Македонија
    • Гевгелија: Во „Фиат типо“ откриени десет мигранти, приведен возачот
    • Утре две скопски општини ќе останат без струја
    • Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Новиот систем за влез/излез од ЕУ стартува за три дена: За што сè треба да се подготват Македонците

    Новиот систем за влез/излез од ЕУ стартува за три дена: За што сè треба да се подготват Македонците

    09.10.2025 во 12:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.

    Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

    За кого важи системот?

    EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа:

    • патниците кои се ослободени од виза за влез во ЕУ,

    • патниците кои поседуваат виза за краток престој.

    Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем.

    Земји каде ќе се применува EES

    Системот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

    Кои се целите на воведувањето?

    Со EES, Европската Унија има за цел:

    • да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами,

    • да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција,

    • да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки,

    • да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.

    Како ќе функционира системот?

    При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.

    При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

    Период на транзиција

    Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

    Заштита на личните податоци

    Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.

    Апел до граѓаните

    Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења.

    Прочитај повеќе

    Почина уште еден пациент од западнонилска треска на Инфективна, хоспитализирани се 20 лица

    18.08.2026 во 14:17

    Мицкоски: Армијата е силата што стои зад безбедноста на државата

    18.08.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.