Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови мерења во 20 часот: Еве каде во Македонија е најстудено и каде наврна најмногу дожд
    • (ВИДЕО) Рама: Џо Бајден го предаде Хашим Тачи
    • Мицкоски: Не бараме полесен пат кон ЕУ, туку пат уреден со правила
    • Мицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината, туку инфраструктура на сегашноста
    • Уапсен првоосомничениот за убиството во скопски Дуќанџик
    • Трагедија: 4-годишно дете излегло од куќата босо, го барале цела ноќ, денес неговото тело е пронајдено во реката Тротус
    • Маж паднал и починал во ресторан – трагедија го потресе регионот
    • Божиновска: Инсталираните капацитети од обновливи извори растат побрзо од предвиденото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови жаришта во Црна Гора, противпожарни авиони и хеликоптер во акција

    Нови жаришта во Црна Гора, противпожарни авиони и хеликоптер во акција

    14.08.2026 во 19:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    И покрај тоа што силниот ветер постојано го менува правецот и отвора нови жаришта, спасувачките екипи во Црна Гора досега успеале да одбранат стотици загрозени објекти.

    Пожарот, кој во текот на ноќта се проширил од подрачјето над Бијела и Баошиќи кон Зеленика и Каменари, од утрово дополнително го гаснат два противпожарни авиона и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Црна Гора.

    „Се позициониравме на сите клучни точки и ги браниме загрозените куќи. Ситуацијата е сложена, но имотот што беше директно загрозен засега е спасен“, изјави командирот на Службата за заштита и спасување на Херцег Нови, Златко Ќировиќ.

    Противпожарните екипи и дополнителните сили од други црногорски општини се на терен повеќе од 48 часа без прекин. Во знак на поддршка, повеќе од 100 локални жители понудиле сместување и можност за одмор на исцрпените спасувачи.

    Полицијата во меѓувреме упати апел до граѓаните да не се упатуваат самоволно кон погодените подрачја и строго да ги почитуваат насоките на Кризниот штаб.

    Ситуацијата дополнително ја отежнуваат екстремно високите температури, кои достигнуваат до 39 степени Целзиусови, како и засилениот северен ветер. Неповолните временски услови создаваат проблеми и во други делови на земјата.

    Поради повторното разгорување на пожарите кај локалитетите Владимир и Шас, во близина на Улцињ, најавено е пренасочување на еден противпожарен авион кон тој регион.

    Активни пожари се регистрирани и на повеќе локации во подрачјето на Кусида, кај Никшиќ, поради што надлежните служби продолжуваат со интензивно гаснење и следење на состојбата.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Рама: Џо Бајден го предаде Хашим Тачи

    25.09.2026 во 20:19

    Маж паднал и починал во ресторан – трагедија го потресе регионот

    25.09.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.