Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите

    Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите

    10.07.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поголема заштита за корисниците, построги правила за компаниите за лизинг и поголема транспарентност во работењето предвидуваат измените на Законот за финансиски лизинг, кои беа усвоени во Собранието.

    Новите законски решенија се дел од реформските активности на Министерството за финансии во рамки на Реформската агенда, а имаат цел усогласување на домашната регулатива со европските стандарди.

    Со измените се воведуваат појасни правила за склучување договори за финансиски лизинг, при што давателите ќе мора прецизно да ги наведуваат сите трошоци и надоместоци поврзани со услугата. Дополнително, се овозможува договорите да се склучуваат и во електронска форма, согласно прописите за електронски документи и идентификација.

    Од Министерството за финансии посочуваат дека корисниците ќе добијат можност во секое време целосно или делумно да ги отплатат преостанатите обврски без дополнителни трошоци, со што ќе се намалат вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот.

    „Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма, доколку се исполнети условите согласно прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи“, велат од Министерството за финансии.

    Новите правила предвидуваат и дополнителни механизми за заштита на корисниците. Давателите на финансиски лизинг нема да можат да го користат предметот на лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот, која ќе треба да биде дадена пред нотар во посебен документ.

    Со законските измени се зголемува и транспарентноста на компаниите преку обврска за јавно објавување на годишните финансиски извештаи, заедно со извештаите и мислењата на овластените ревизори.

    Покрај тоа, се зајакнува надзорот над работењето на давателите на финансиски лизинг, а минималниот износ на основната главнина се зголемува од 6 на 30 милиони денари, со цел поголема финансиска стабилност на компаниите.

    Со измените се вклучуваат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во делот на спречување перење пари и финансирање тероризам, преку воведување критериуми за интегритет и соодветност на основачите и членовите на органите на управување на лизинг-компаниите.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.