Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката

    Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката

    28.09.2026 во 18:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација на Собранието предводена од претседателот Африм Гаши престојува во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија, каде се сретна со претседателот на Советот на Шурата, Адбула бин Мохамед бин Ибрахим Ал Ал-Шеик.

    На средбата, Гаши истакнал дека Република Македонија останува цврсто посветена на натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете држави, кое се темели на меѓусебна почит, пријателство и заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и просперитетот.

    Оценил дека меѓу двете држави постојат значителни можности за продлабочување на соработката во голем број приоритетни сектори како што се инвестиции, енергетика, туризам, земјоделство, технологија и трговија.

    Економската соработка останува централен столб на билатералните односи и нашата држава става посебен акцент на промоцијата на инвестициите и дигиталната трансформација, односно развој на сектори кои нудат значителен потенцијал за меѓусебно корисно партнерства меѓу две држави. Република Македонија гледа значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот за што е потребен засилен ангажман меѓу соодветните институции и засегнатите страни од приватниот сектор пред се преку олеснување на визниот режим меѓу двете држави и воспоставување на директна воздушна поврзаност меѓу Саудиска Арабија и Република Македонија што би значело чекор напред во промовирањето на туризмот, деловната соработка и контактите меѓу луѓето, истакнал Гаши.

    Нагласил дека високо се цени и конструктивната и сè повлијателна улога што ја игра Кралството Саудиска Арабија во промовирање на регионалната стабилност, охрабрување на дијалогот и поддршката на дипломатските иницијативи насочени кон решавање на сложените предизвици низ целиот Блиски Исток и пошироко.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.