Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови мерки за енергетската криза: Мицкоски најавува дополнителна поддршка за граѓаните

    Нови мерки за енергетската криза: Мицкоски најавува дополнителна поддршка за граѓаните

    24.04.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија најави нови мерки за ублажување на последиците од нафтената криза. Тој истакна дека Владата интензивно работи на подобрување на животниот стандард, притоа справувајќи се со, како што рече, наследениот хаос и долговите од претходната власт.

    Споредувајќи ја актуелната состојба со енергетската криза од 2022 година, премиерот посочи дека сегашната инфлација изнесува меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително пониско од нивото над 10% забележано пред две години.

    „Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме визави процент од бруто домашниот производ. Тешко се живее, точно, никој не вели дека се живее лесно, тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50 илјади барели од државните резерви да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее. И тогаш стандардот во Германија, Франција, Италија, Австрија бил поголем од тој што бил во Македонија, но прашањето е дали таа разлика се намалила, ако ја мерите тогаш и сега, двојно се намалила“, изјави премиерот Мицкоски.

    Тој нагласи дека се свесни за критиките од јавноста и најави дека Владата ќе продолжи да интервенира преку нови мерки, и покрај оптоварениот буџет.

    „Ќе има дополнителни мерки иако ние досега прилично многу го изложивме буџетот и ќе треба да видиме, бидејќи еве втор месец завршува од кризата која е историски најголема според Светската енергетска агенција, оваа криза е поголема од онаа во 2022 година и двете кризи во седумдесеттите години заедно, а ние сме тамар каде што сме и сега сметајте да имате по 30, 40 или 60% по литно поевтино гориво од соседите. Тоа е успех, дали е доволно, не е доволно, дали тешко се живее, да, но ќе се бориме да биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.