Нови мерки од понеделник- За Божиќ може да се соберат само 10 гости

Швајцарија од понеделник ќе ги заостри анти-ковид мерките во обид да го спречи петтиот бран на пандемијата и да го спречи ширењето на варијантата Омикрон.

Некои од мерките ќе опфаќаат строго ограничување на пристапот на невакцинираните лица на јавни места и обврска за работа на далечина, соопшти федералната Влада.

Само на вакцинирани или луѓе кои прележале сега ќе им биде дозволен влез во ресторани, културни објекти и спортски и забавни објекти, како и на настани во затворен простор, се вели во соопштението на Федералниот совет.

Во Швајцарија, овие мерки се нарекуваат 2G, од германските зборови „genesen” (излекуван) и „geimpft” (вакциниран).

 

 

17.12.2021 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега