Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот идентитет не отстапуваме

    04.10.2026 во 14:48

    Итнервентна полиција викендов во акција – Скопјани направиле хаос во локал, имале и ножеви

    05.10.2026 во 08:04

    Ќе нема струја – Овој понеделник најавени исклучувања во Скопје

    05.10.2026 во 07:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови бизнис и туристички можности: ЕКСПО 2027 се претставува во Скопје
    • Пратеничка од Македонија меѓу набљудувачите на изборите во БиХ
    • Малолетник се забил во автомобил – Несреќа ја потресе Македонија
    • Подгответе се за споен викенд, па потоа уште еден – Следат неколку неработни денови
    • Убиено 12-годишно девојче, двајца мажи се скарале за паркинг па почнале да пукаат во Балтимор
    • ФОТО: Пет дечиња останаа без татко, по 4 ќерки пред неколку месеци добил син – Маринко почина во страшна сообраќајка
    • Хорор ден за група ловџии – двајца убиени, еден тешко повреден во Халден
    • Внимавајте, казните се големи – денеска започнува голема полициска акција во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови бизнис и туристички можности: ЕКСПО 2027 се претставува во Скопје

    Нови бизнис и туристички можности: ЕКСПО 2027 се претставува во Скопје

    05.10.2026 во 10:242 Mins Read
    ЕКСПО 2027 Белград
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје в четврток ќе се одржи отворен ден посветен на ЕКСПО 2027 Белград, на кој ќе бидат претставени можностите за учество, соработка и вмрежување. Настанот го организира ЕКСПО 2027 Белград во соработка со Македонскиот павилјон „Сите ритми на сонцето“ („All Rhythms of the Sun“).

    Програмата ќе се одржи во „Јавна соба“ од 12 до 15 часот, а ќе ја отвори директорот на ЕКСПО 2027 Белград, Данило Јериниќ, со поздравно обраќање и презентација на промотивно видео.

    Во рамки на настанот ќе бидат претставени програмите преку кои образовните институции, организациите, спортските федерации и партнерите можат да се вклучат во ЕКСПО 2027. Ќе се разговара и за можностите што изложбата ги нуди како деловна платформа за поврзување на економиите и создавање нови партнерства.

    Во 13:30 часот ќе биде прикажано промотивното видео за Македонија, со кое на повеќе јазици се промовира македонскиот вински сектор.

    Предвидена е и презентација посветена на туристичкиот сектор, со посебен фокус на излезниот туризам, како и можност за вмрежување меѓу претставници на ЕКСПО, туристички институции, даватели на услуги за влезен туризам и македонски агенции за излезен туризам.

    Претходно, во 10 часот, ќе се одржи неформална средба со претставници на ЕКСПО, на која медиумите ќе имаат можност за интервју со директорот Данило Јериниќ. Потоа ќе следува прес-конференција на која ќе се обратат Јериниќ и комесарот на Македонскиот павилјон, Александар Велиновски.

    ЕКСПО 2027 Белград е специјализирана изложба која има за цел да ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор и да отвори можности за нови партнерства, соработка и промоција во области како образованието, спортот, економијата и туризмот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пратеничка од Македонија меѓу набљудувачите на изборите во БиХ

    05.10.2026 во 10:12

    Малолетник се забил во автомобил – Несреќа ја потресе Македонија

    05.10.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.