Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има

    09.07.2026 во 08:29

    Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија

    09.07.2026 во 08:25

    Жена ограбила друга жена во Скопје

    09.07.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има
    • Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија
    • Жена ограбила друга жена во Скопје
    • Во продавница во Скопје допирал жена по телото – Приведен скопјанец
    • Драма во скопско: Извадиле пиштол и го ограбиле
    • Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект
    • Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти
    • Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова авиолинија од јули: Од Анкара до Скопје ќе се лета без субвенции, договорено и железничко карго поврзување

    Нова авиолинија од јули: Од Анкара до Скопје ќе се лета без субвенции, договорено и железничко карго поврзување

    15.06.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето на ТВ Сител, информираше за постигнатите договори со турските министри за трговија и за транспорт за време на Бизнис форумот во Истанбул.

    Според неговите зборови, од 2 јули се воведува нова директна авиолинија Анкара-Скопје, а договорено е и железничко карго поврзување меѓу двете земји.

    Николоски потенцираше дека голем број турски компании покажале сериозен интерес за инвестирање во Македонија.

    Министерот додаде дека односите меѓу двете држави се одлични, што се потврдува и со официјалниот пречек на премиерот Христијан Мицкоски од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    „Има голем интерес на турски компании да инвестираат во Македонија, причина е што Македонија има договор за слободна трговија со EУ и одличен договор со САД. Турција има проблем во извозот во Европската Унија и одредени компании се заинтересирани токму во Македонија да инвестираат. Понатаму, тука е блискоста помеѓу двата народа и двете држави и релативната близина има добра поврзаност. Веќе Туркиш Ерлајнс покрај Скопје, почна да лета за Охрид, а од 2 јули започнува директен лет на АЏет од Анкара до Скопје. Морам да нагласам дека е без субвенции, што значи дека воопшто не побараа субвенции и мислам дека е добро да ја отворат. Заедно со двајцата министри, министерот за трговија, министерот за транспорт и инфраструктура договоривме и карго поврзување помеѓу двете држави, имајќи предвид дека едниот крак на Коридор 10 започнува во Истанбул и тоа е најкраткиот пат за роба од Турција до Централна Европа, изјави Николоски.

    На прашањето дали се очекува трговската размена меѓу двете земји да достигне вредност од 2 милијарди долари, вицепремиерот одговори потврдно.

    Тој заклучи дека ваквиот раст е реален бидејќи, покрај турските инвестиции во земјава, евидентиран е и зголемен број на македонски компании кои инвестираат во Турција.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има

    09.07.2026 во 08:29

    Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија

    09.07.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.