Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов закон во Македонија: За возење брзо, пијан или дрогиран ќе се оди во затвор – автомобилот трајно се одзема

    Нов закон во Македонија: За возење брзо, пијан или дрогиран ќе се оди во затвор – автомобилот трајно се одзема

    18.12.2025 во 10:482 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трајно и задолжително одземање на возилата за најтешките сообраќајни прекршители предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа во Собранието. Со законските измени се воведуваат значително построги санкции за возачи кои управуваат пребрзо, под дејство на алкохол или дроги, особено доколку станува збор за лица кои и претходно биле осудувани за кривични дела против безбедноста во сообраќајот.

    Според предлогот, возилото задолжително ќе се одзема ако сторителот управувал со брзина поголема за најмалку 70 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населено место, под услов возачот и претходно да бил осудуван за исто или слично кривично дело. Задолжително одземање се предвидува и доколку возилото е во сопственост на сторителот, а тој во моментот на делото немал право да управува со моторно возило.

    Ако прекршокот е сторен со туѓо возило, истото ќе се одземе само доколку сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето кое управува нема право да вози.

    Новина во законските решенија е и задолжителната забрана за управување со моторно возило, која ќе се изрекува во траење од шест месеци до 10 години. Дополнително, судот ќе може да изрече и престанок на важењето на возачката дозвола од определена категорија во период од една до 10 години, за време на кој сторителот нема да може повторно да стекне дозвола од истата категорија. Досега, ваквата забрана беше ограничена на максимум пет години.

    Измените предвидуваат и затворска казна од три месеци до три години или парична казна за секој што ќе го загрози јавниот сообраќај со безобѕирно управување, односно возење со концентрација на алкохол над 1,5 промили, под дејство на дроги или психотропни супстанции, возење во спротивна насока, опасно претекнување, како и значително пречекорување на дозволената брзина. Со иста казна ќе се санкционираат и организаторите и учесниците во нелегални улични трки, како и лицата кои управуваат возило без положен возачки испит или без важечка возачка дозвола.

    Во образложението на предлог-законот се наведува дека измените се резултат на сериозните предизвици со кои државата се соочува последните години во делот на сообраќајната безбедност, а како аргумент се наведуваат и компаративни искуства од Словенија и Австрија.

    Предлагачите потенцираат дека законските измени се дел од поширок пакет мерки поврзани со проектот „Сејф сити“, чија цел е драстично намалување на тешките сообраќајни прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација

    23.10.2026 во 11:01

    Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

    23.10.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.