Нов парк и катче за најмалите - Мицкоски денеска во Радишани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, Општина Бутел.
Како што информира владината прес-служба, паркот ќе се протега на површина од 10.000 м2. Новиот парк ќе има зелена површина од 6.000 м2, плоштад од 4.000 м2 и мега детско игралиште.
Проектот е вреден 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата.
Настанот е организиран во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, а покрај премиерот Мицкоски, како што најавуваат од Министерството за локалната самоуправа, ќе пприсуствуваат и министерот Златко Перински, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и заменикот министер за локална самоуправа, Ерџан Селими.
Владините претставници, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, ќе го најават официјалното отпочнување на проектот „Основен проект за изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека во Радишани“, кој е еден од дванаесетте проекти кои Општината ќе ги реализира со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни општински проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа