Уште еден евакуациски лет на релација Дубаи – Скопје се очекува да биде реализиран денеска.

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги информираше сите македонски државјани кои моментално престојуваат во земјата дека во вторник ќе се организира дополнителен лет за евакуација.

– Со оглед дека се финализираат подготовките и сите детали за реализација на летот, ги повикуваме граѓаните кои имаат итна и приоритетна потреба од евакуација да се пријават во најкус можен рок во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби – соопштија од Амбасадата.

Евидентирањето може да се изврши преку Амбасадата во Абу Даби, на телефонскиот број +971 56 441 7532 или на електронската адреса abudabi@mfa.gov.mk.

Досега се реализирани четири организирани евакуациски летови од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

Exit mobile version