Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран од ноќеска во 01:30 часот, откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија (СММ) го прекина бојкотот.

Одлуката за прекин доаѓа по синоќешните успешни преговори меѓу Синдикатот, раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

„Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине,“ изјави Тони Димовски, претседател на СММ.

Бојкотот, кој почна вчера во 13:30 часот, предизвика стопирање на пет патнички воза (два за Битола и по еден за Куманово, Гевгелија и Велес). Кај товарниот сообраќај имало само задоцнувања.

Барањата кои делумно се исполнети (вкупно 15, доставени на 2 октомври) вклучуваат:

  • Исплата на прекувремени часови.
  • Бонус плата за над 150 прекувремени часови.
  • Покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци.
  • Исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Димовски најави дека дијалогот со раководството ќе продолжи за да се реши целиот пакет барања.

Exit mobile version