Млекара Здравје Радово наскоро со нова Маза – со маслинка и пиперка
По официјалната промоција на новиот сегмент на производи во своето портфолио Млекара Здравје Радово, внесувајќи ја гамата намази Маза, најавува нов намаз со маслинка и пиперка. Иако помина не цел месец од промоција на новата произвоидна линија Маза и трите вкусови: млечен намаз, топено сирење и чоколадна Маза, од Млекара Здравје со најава за нов производ. По одличната реакција кај потрошувачите на новите производи, Млекара Здравје, го збогатува семејството Маза со нов вкус, со стариот препознатлив квалитет. Новиот производ се очекува наскоро да се најде во маректите ширум нашата земја.
Лансирајќи ги новите производи во сегментот намази, очекувавме дека ќе треба подолг период нашите верни потрошувачи да се запознаат и да ги прифатат сосема новите производи кои им ги донесовме на полиците. Конзументите досега не перцепираа како вистински избор за течна и цврста програма, но сакавме внимателно да ги запознаеме и со новата произвидна линија Маза. Изненадени сме колку брзо Мазите го најдоа својот пат до потрошувачите. Иако првично размислувавме со нови вкусови да излеземе на пазарот подоцна, поради одличните реакции на нашите верни корисници за неполн месец стартуваме со нов вкус, Маза со маслинка и пиперка. Со дополнување и на овој вкус, сакаме внимателно да ги следиме барањата и навиките на нашите потрошувачи, но со иновативни и нови вкусови да им создаваме млечни деликатеси кои се здрави и хранливи. –изјави Јован Дабевски – генерален менаџер на Млекара Здравје Радово
Покрај новите производи во најава, Млекара Здравје Радово е особено задоволна што за прв пат во нашата земја го претстави и чоколадниот намаз кој претставува сосема нова категорија на производ. Производ кој е единствен од ваков тип во Република Македонија и претставува млечен намаз со висока нутритивна вредност, богат со калциум, но што е најважно и вкусен за најмалите потрошувачи. Чоколадната Маза е направена со оригинално италијанско чоколадо, по целосно данска технолигија. Идеален е за деца кои од разни причини одбиваат да конзумираат млечни производи, кои се исклучително важни за нивниот раст и развој. Чоколадната Маза како нов, специфичен и иновативен производ брзо го најде патот до најмалите и најмили потрошувачи и многу брзо стана вистински избор за високо квалитетен млечен производ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа