Си ја убил жената, умрела во сон, скокнал од 6 спрат - проклета зграда во Белград

Една зграда во Белград е дефинитивно проклета. Како што пишува српскиот Курир, во последните неколку години во истата зграда син си ја убил мајката, маж си ја убил сопругата, друг станар извршил самоубиство...

- Овде сешто се случува, не може да е случајно. Најмногу убиства и самоубиства имаше од шести спрат. Се уби жена која дозна дека нејзина ќерка ќе умре од рак. Овде има речиси 100 станови, ова што се случува е трагично, вели сведок.

Последното убиство се случило минатата година кога полицаец си ја убил 58-годишната сопруга. - Глетката беше страотна, се беше со крв. Беше ужасно, велат сведоци.

Исто така, уште една старица била најдена мртва во кревет. Најверојатно умрела во сон. Од станот се ширела неподнослива миризба бидејќи цели шест месеци лежела мртва без никој да ја примети.

 

26.06.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега