Британија ја напушта ЕУ?

 

Шведска ќе го поддржи поранешниот луксембуршки премиер Жан-Клод Јункер како нов претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Со тоа Велика Британија би можела да остане како единствена земја-членка на ЕУ која се спротивставува на назначувањето на Јункер како наследник на Жосе Мануел Баросо.

- Доколку Жан-Клод Јункер успее да собере мнозинство од шефовите на држави или влади и едновремено добие поддршка од страна на Европскиот парламент, тогаш ќе можеме да констатираме дека правилата на Лисабонскиот договор биле почитувани и тогаш нашата Влада би била подготвена, и Шведска да се приклучи кон таквото мнозинство, рече шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд пред членовите на парламентарниот ЕУ-совет во Стокхолм во пресрет на денешниот ЕУ-самит во Брисел.

Рајнфелд доби поддршка за својата линија која ја образложи во ЕУ-советот во шведскиот Парламент-Риксдаг, при што потпретседателката на Советот, Мари Гранлунд, од редовите на социјалдемократската опозиција, рече дека нејзината партија е и понатаму критична кон Јункер, но не бара од Рајнфелд да гласа против неговиот избор, а што беше барање изнесено од страна на неколку други помали шведски парламентарни партии.

И Данска, каде што владината коалиција ја предводат социјалдемократите, го поддржува Јункер.

- Тој е одлична личност за да ги унапреди и поддржи данските интереси, рече вчера данската премиерка ХелеТорнинг-Шмит пред ЕЕ-одборот во данскиот Парламент, која, инаку, се споменува како еден од кандидатите со најголеми шанси да ја преземе функцијата на постојаниот претседавач на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј

Британија не ја исклучи можноста да распише референцум за напуштање на Европската Унија во ситуација кога Јункер би станал нов претседател на Европската Комисија.

26.06.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега