Груевски оствари средба со британските парламентарци Доел и Ламли

 

Премиерот  Никола Груевски, денеска се сретна со парламентарците од Велика Британија, Гема Доел и Карен Ламли.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми и прашања за кои соговорниците размениле мислења.

Премиерот Груевски ги запознал соговорниците со реформите и мерките кои се преземаат и имплементираат во насока на исполнување на критериумите за влез во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ, како и мерките кои се во функција на подобрување на стандардот на граѓаните.

Истовремено, премиерот Груевски потенцирал дека за Република Македонија е од значење добивањето на поддршка од  Обединетото Кралство во остварувањето на стратешките цели, при што изразил благодарност за досегашните заложби со очекување дека во периодот што претстои таквата поддршка ќе биде интензивирана.

Груевски изразил задоволство од развојот на односите со Велика Британија, како на политичко, така и на економско ниво, што може да се забележи со повеќе инвестиции кои доаѓаат токму од Велика Британија. Тој посочил дека тоа е добра основа за дополнително интензивирање на економската соработка преку искористување на расположливите потенцијали, на што активно како Влада се работи, за што потврда се и неколкуте економски посети на Обединетото Кралство кои ги остварија владини делегации.

На состанокот се разговарало и за актуелни  теми, прашања  и предизвици од повеќе сфери, при што биле разменети мислења и согледувања за начините за нивно надминување, за што премиерот Груевски искажал отвореност и волја да се разговара и да се унапредат процесите.

25.06.2014 - 18:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега