Марјан Николовски: „Магарешка“ политика

Не техничка влада, и Заев премиер на таа влада да биде, ќе ги загуби изборите, па потоа може пак да се случи да не ги признае резултатите.

Македонија нема опозиција, а со тоа нема ниту никаква алтернатива на актуелната власт. Тоа е состојба на политичка одржливост која доколку потрае може негативно да се одрзи. Макдонија е оставена на Господ и на совеста на власта. Господ е религиска категорија на верба, а совеста е човечка карактеристика која секогаш е во искушение со допирот на моќта. Демократијата е составена од власт и опозиција. Кога власта ја губи совеста, граѓаните на избори ја носат опозицијата. Во македонската демократија, Господ ќе мора да ја одигра главната улога. Да ја зачува совеста на власта.

СДСМ во историјата на плуралистичка Македонија, во овие 24 години, има донесено стотици погрешни одлуки. Голем дел од нив негативно влијаеја на правецот во кој се движеше Македонија. Имаше и позитивни одлуки. Но, одлуките што последните неколку години ги носи оваа партија се кардинални грешки. И тие се само резултат на изгубената во простор политика на оваа политичка партија. Од толку многу грешки, СДСМ веќе греши без грешка. Нема термин со кој може да се опише ситуацијата во која се наоѓа, “држвотворната партија”, како што милуваше да си ја нарече, нејзиниот идеолошки татко. “Државотворната патртија”, денес е на работ на својата генедетска мутација во зомби од лош хорор филм.

Се лажат оние кои мислат дека Зоран Заев, блефира. Исто како што се во длабока заблудата оние, кои мислат дека Заев има стратегија и знае кај тера. Ниту блефира, ниту пак знае што ќе прави. Заев е сигурен само во едно. Во сопствениот инает. А, инаетот ниту е политичка стратегија, ниту пак може да се дефинира со политички речник како позиција за преговори.  Зоран Заев сака, за инает на сите, Премиер да биде. За инает на себе, не признава ниту блеф. Заев е толку себеубеден во сопствената инает-желба, што за инает на сите и СДСМ во пропаст ќе го однесе. А, од инает и вреќа сол се јаде. Заев за инает на Заев, нема да биде ниту Заев, ако затреба. За негов инает пак, никој во СДСМ ниту се осудува оставка да му побара. Тоа е таа политичка стратегија.

СДСМ под раководство на Заев и на Шекеринска овој пат отиде пределаку и јасно е дека враќањето назад  ќе значи крај на нивните политички кариери, нешто што тие по никоја цена нема да дозволат да се случи. Од друга страна пак, враќањето назад, веројатно би било и крај на погубната политика на партијата изминативе повеќе од седум години, нешто што пак би значело добар почеток на една нова политика на опозицијата. Изборот не е на Македонија. Изборот е на партијата. Кризата што СДСМ се обидува да ја наметне е внатрепартиска криза и таа не може да се реши со лидерски средби. Таа криза мора да се реши внатре во СДСМ.

И Заев и Шекеринска знаат дека техничка влада е налудничлаво и невозможно барање. Тие тоа го знаат, но не знаат како да излезат од него, а притоа да ги зачуваат своите позиции во партијата. Заев не бара техничка влада, затоа што верува во тоа дека власта ги каде гласовите. Заев бара техничка влада, односно сега влада на широка коалиција, за да може тој да биде во позиција да ги користи државните ресурси. Така едноставно се научени. Тие мислат дека од позиција на опозција не може да се победи власт.

Заев во приказната “Лидер на СДСМ”, влезе со убедување дека има идеја како да го порази Груевски. Можеби и имаше нешто, што можеше да биде идеја, да се дефинира како една нова политика на СДСМ првите два три месеци. Нешто, што на подолг пат може да даде некаков резултат. Но, нешто се случи на “Павелшатевска”. Наместо да продолжат со промовирање на какви такви, свои, нови политики, Заев дозволи приматот во раководењето на партијата да му го преземат идеологокреаторите на лузерската политика во серии.  Да имаше Заев барем половина самодовервба во себе, од инаетот што го има, веројатно немаше да дозволи политиката на партијата да му ја крои Шекеринска, која сега ќе се обиде да биде “добриот и конструктивниот” во оваа приказна, ако се точни информациите дека пред странските дипломати веќе се дистанцирала од  “приказната за бојкот”. Но, тоа е. Партија не се води од Струмица.

Но, проблемот во СДСМ е проблем на СДСМ. И не знам зошто проблемот на СДСМ стана проблем и на опозицијата. Логичен одговор нема, но затоа има одговор внатре, во суштината. Денешното држење во заложништво на најголемиот дел од опозоцијата има врска само со немањето никаква идеологија на оние помали политички приврзоци од партии.  Впрочем сите тие заедно влегоа во играта на Црвенковски за наводно обединување на опозицијата, а потоа како понуда заеднички лиферуваа приказна за диктатура. Таа приказна ден денеска не носи резултат, а трае едно добри шест години. Толку стана депласирана, што денеска и првичната основа на таа приказна, меѓународна изолација на власта(ако се сеќавате), веќе никој не ја спомнува. Напротив СДСМ е таа која денеска тврди дека меѓународната заедница е онаа која ја поддржува диктатурата во државата. Парадокс до парадокс.

Дека политиката на опозицијата нема стратегија, потврди и лично Андреј Жерновски. Да, рече дека можеби некој ќе му се налути, но призна. “Треба опозицијата, тука спаѓа и ЛДП, да направи добра стратегија, а не само да вади афери и да критикува. Треба да понуди нешто. Апсолвирано е прашањето дека луѓето се разочарани. Сметам дека сѐ уште не се уверени дека опозицијата е подобра алтернатива.” И му се налутија. Следниот ден се демантираше самиот себе. Демек новинарите му ги извртиле тезите. Депласирано е да се докажуваме, што и како мислел Жерновски, бидејќи и тој самиот знае што кажал. Но, зошто реши сам себе да се дематира? За да докаже делка Македонија нема опозиција.

Ако во опозицијата никој, очигледно нема компас каде и во кој правец се движи, за да немаат дилеми, им допрецизираше ИРИ. По неколку години пауза, направија анкета, според која ако утре има избори, Груевски ќе има двотретинско мнозинство  во Парламетнот. Во бројки, негде 82:13. Ако не им чинат анкетите на Павел Шатев, еве им ја ИРИ.

Не техничка влада, и Заев премиер на таа влада да биде, ќе ги загуби изборите, па потоа може пак да се случи да не ги признае резултатите. За системстака кражба да ги прогласи. И се така до недоглед. Но, Македонија навистина нема врема да си игра политика. Ако некој си го прескокнал детството и од градинка влегол во политика и денеска сака да си игра, да му биде забавно де, никој не е должен од државата да му прави игротека.

Марјан Николовски – Новинар

25.06.2014 - 13:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа