Утре ќе се прска против комарци во Скопје

 

Утре почнува третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, известуваат од Град Скопје:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10.08.2018 (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови.

2.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.08.2018 до 17.08.2018 (од понеделник  до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Од Град Скопје велат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

 

 

 

09.08.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа