Само полнолетните лица ќе можат да го изнесат своето куче на прошетка

 

Кучињата миленици ќе може да ги шетаат само полнолетни лица и тоа исклучиво доколку животното е врзано и со маска е новината во Законот за благосостојба на животните чија цел е превентивно да се спречат инциденти. 

Ќе се воспостави и регистар на опасни кучиња и ќе се воведе тест за социјализација кој треба да ја утврди нивната евентуално зголемена агресивност.

- Се уште не се дефинирани опасните раси кучиња, но, веројатно тоа ќе бидат оние раси кои се добиени со вкрстување и кои се ризични за луѓето, велат во АХВ.

Воедно лицата кои чуваат миленичиња, не ќе смеат да ги напуштаат бидејќи законската казна ќе биде 750 евра за правно и 150 евра за физичко лице.

Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека од идниот месец почнува задолжителната идентификација и регистрација на милениците со микрочип. 

најчитано сега