Од наредната недела по 8.500 денари за секој вработен во приватна фирма

 

Приватните  фирми  имаат  уште една недела да се подготват и да ја исполнат законската обврска  - на работниците да им исплатата К-15. Според инфомрациите на надлежните,  фирмите  пак кои и досега го правеа тоа иако немаа обврска веќе на контата на  своите работници  имаат  префрлено регрес за годишен одмор.

Ова право од годинава го имаат околу 300 000 работници  кои се вработени во приватниот сектор.

Со општиот колективен договор за стопанисување,  висината на надоместокот е утврдена на најмалку 40 проценти од просечната републичка нето плата исплатена во претходниот месец или 8500 денари.  За  фирмите кои нема да ја исполнат обврската предвидена е парична казна од 3000 до 4000 евра .  И тоа од  2000 до 3000 евра  за правнотот лице и од 500 до 1000  евра за одговорното лице

23.06.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега