Муцунски се сретна со германски бизнисмени: Разговор за нови инвестиции и подобрување на деловната клима
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со делегација од Ostausschuss der deutschen Wirtschaft, Источниот комитет на германското стопанство.
- Разговаравме за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави и привлекување нови германски инвестиции, како и за инвестициските поволности, особено во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). Го истакнавме и ангажманот на Владата за унапредување на бизнис-климата и условите за работа за домашните и странските компании, со цел економски раст, развој на приватниот сектор и отворање нови работни места, напиша на неговиот фејсбук профил Муцунски.
На средбата биле разменети мислења и за глобалните економски предизвици и нивното влијание врз трговијата и инвестициите.
- Се согласивме дека, и покрај неизвесностите на светско ниво, двете земји, потпирајќи се на одличните политички односи, остануваат силно посветени на натамошно јакнење на билатералната економска соработка, напиша министерот Муцунски на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа