Охриѓани се судриле со автомобили, па едниот излегол и му ја искршил шофершајбната на другиот
Сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата 15 Корпус во Охрид.
„Г.Н.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вториот учесник во незгодата, Г.К.(71) од Охрид, по што го оштетил предното возачко стакло од неговиот автомобил.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави СВР Охрид.
22.05.2025 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа