Дојранското културно лето со богата програма
Општина Дојран со манифестацијата „Дојранско културно лето“ годинава ќе биде дел од проектот „Топол културен бран“ кој се организира по седми пат во соработка со Министерството за култура.
- Туризмот и културата одат во пакет и токму поради тоа содржината на културната програма е голем предизвик за општина Дојран, рече градоначалникот Борче Стамов и додаде дека дојранчани чувствуваат обврска и задоволство летниот одмор на сите туристи да им го направат вреден за сеќавање.
Дојранското културно лето кое официјално почна со манифестацијата „Дојран гурман фест“ годинава ќе понуди квалитетна програма со учество на реномирани музичари, актери, уметници и звучни имиња од домашната културна сцена.
- Со програмата која е создадена да ги задоволи сите возрасни групи и љубители на различни уметнички жанрови, Дојран ќе понуди колаж од настани кои ќе ги задоволат сите уметнички сетила на посетителите, нагласи Стамов.
Настаните ќе се изведуваат на летната сцена, на сцената „Под јаворите“, долж пешачко-рекреативната патека и во црквата „Свети Илија“. Целта на оваа разновидност, додаде Стамов, е Дојран во наредните три месеци да стане голем театар на отворено.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа