Ужас во Основно училиште во Македонија: Ученик падна од прозорец од трети кат

 

Голема несреќа се случи на првиот училишен ден во Прилеп, каде ученик падна од трет кат во втората смена, за време на одморот.

11 годишен ученик  од Основното училиште Гоце Делчев во Прилеп,преку прозорец од трет кат паднал во училишниот двор, а потоа веднаш бил префрлен во прилепска болница, а од таму итно е хоспитализиран на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

- Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, изјави за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Детето се здобило со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.

 

21.01.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега