ВИДЕО: Дигнал во воздух два автомобили на паркинг во Скопје

Ноќеска околу 1:15 часот, ан улицата „Вамбел“ во Скопје, засега непознат сторител предизвикал експлозија од експлозивна направа која оштетила две патнички возила. Едно од возилата, марка „Голф“  било во соственост на 30 годишниот Н.М од Скопје, додека второто возило „Рено Меган“ му припаѓало на охриѓанецот И.Ц. (37).

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.