„Пасат“ се заби во мотор кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ - млад скопјанец се бори за живот

18 годишниот скопјанец И.Б. е повреден во сообраќајна незгода која се случила утринава кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ на ккрстосницата од улиците „Букурешка“ и „Адолф Циборовски“ во СКопје.

Според МВР, момчето возело со својот мотоцикл кога, засега од непознати причини, во него удрил автомобил „Пасат“ со скопски регистарски таблички. И.Б. е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.