Попоски и Јолевски на редовен годишен состанок Македонија- НАТО
Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски и Зоран Јолевски денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот Совет на НАТО.
Согласно воспоставената пракса, на состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на нашата земја во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и обранбено-безбедносните постигнувања. Со овој состанок ќе биде затворен петнаесеттиот циклус на имплементацијата на Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2013-2014 година, стои во соопштението од МНР.
Двајцата министри ќе се сретнат и со Заменик Генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа