Се одбележува денот на СОС Детското село
СОС Детското село во Скопје денеска го прославува денот на „СОС Детското село“ кое во Македонија функционира од 2002 година. На одбележувањето ќе присуствува и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, а ќе се обрати и директорот на СОС Детско село Скопје, Виолета Георгиевска.
Селото денес има 12 семејни и две младински куќи каде се згрижени 107 деца и младинци без родители и родителска грижа. Под закрила на организацијата СОС Детското село - Македонија се близу 400 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик во рамките на своите биолошки семејства.
Ќе бидат доделени плакети за континуирана поддршка и посветеност на градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски и на министерот за труд и социјална политика, Спасов, како и на останати донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село во текот на изминатата година.
Прославата ќе ја збогатат и дечињата од СОС Детското село со балетска точка и рецитал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа