Грчките медиуми без коментар за доаѓањето на шефот на турските вооружени сили во Скопје

Речиси сите грчки медиуми, засега без коментар, јавуваат за посетата на началникот на Генерал Штабот на турските вооружени сили, Неџет Озел на Македонија.

Грчките медиуми пренесуваат дека неговата цел била подобра соработка со Македонија. 

За грчките медиуми е значајно тоа што македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и Озел на средбата во Скопје изразиле задоволство од одличните билатерални односи меѓу Македонија и Турција кои се потврдуваат со интензивната политичка соработка и честите средби меѓу високи функционери.

Инаку, Озел ја поздрави соработката меѓу вооружените сили на двете земји и истакна дека Турција ќе продолжи „безусловно и несебично“ да ја поддржува Македонија.

ФОТО: Дневник

најчитано сега