Гостиварчани ќе се спасат од комарците

 

Гостиварската локална власт од утре започнува со акцијата за уништување на комарци на повеќе локации. Дезинсекцијата ќе се реализира ноќе од 21 до 1 часот и во раните утрински часови, од 3 до 6 часот, доколку атмосферски услови тоа го овозоможат. Во случај на дожд или силен ветер, акцијата ќе се одложи за период со поволни временски. За прскањето ќе се користи разложен аква-котрин, согласно барањата од Светската здравствена организација.

Од општината ги известуваат одгледувачите на пчели, дека на локациите каде што ќе се прска, во деновите на акцијата, да ги чуваат затворени пчелните семејства, за да се избегне негативното влијание врз нив. 

19.06.2014 - 15:34
Фото: 
евести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега