Работилница за недозволената трговија со оружје

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи Работилница посветена на недозволената трговија со оружје на која ќе учествуваат полициски службеници и експерти од полициите од Македонија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина, како и претставници од полициите на нордиските земји Шведска, Норвешка и Данска.

На отворањето на работилницата се очекува да присуствуват директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и државниот секретар на МВР Виолета Јанковска, која ќе има и свое воведно обраќање.

Работилницата е иницирана на предлог на македонската и данската полиција, а е поддржана од Европската комисија (TAIEX).

На дводневниот собир учесниците ќе дискутираат за повеќе прашања во врска со недозволената трговија со оружје, почнувајќи од следењето на историјатот на секое запленето парче оружје, воспоставувањето заеднички операции во борбата против нелегалната трговија со оружје, потоа преку зајакнување на соработката меѓу соодветните единици за борба против недозволена трговија со оружје до ефикасно собирање и размена на информации на оперативно ниво.

најчитано сега