ФОТО: Поројните дождови во Дебарско предизвикаа одрони и прекинат локален сообраќај

Поројните дождови кои попладнево го зафатија дебарскиот регион предизвикаа проблеми во локалниот сообраќај во долнореканското село Долно Косоврасти.

- Во атарот на долнорекансото село Долно Косоврасти имаше одрони на камен и кал на раскрсницата од каде продолжува патот кон бањскиот локалитет, односно хотелот „Термал“, како и патот кон селото Горно Косоврасти. Со механизација на дебарската секција на „Македонија пат“, возило на „Дебарски Бањи-Цапа“ и општина Дебар, наносите беа расчистени и по прекин од неколку часа сообраќајот беше нормализиран, изјави Адмир Горенца, раководител на дебарската дирекција за заштита и спасување. 

Поројните дождови поплавија и подрумски простории на повеќе куќи во селото. Помали одрони од камен забележани се по должина на делницата Дебар - Жировница, на патниот правец Дебар - Маврово и делницата Дебар - Глобочица на патниот правц Дебар - Струга. Поради тоа се препорачува внимателно возење.

Дождот поволно ќе влијае во зголемувањето на дотекот на вода во Акумулацијата „Дебарско Езеро“ во која моментно има резерва на вода за производство на над 37  милиони киловат-часови електрична енергија. Нивото на акумулацијата изнесува 570 метри или уште два метра до максималната кота. 

17.06.2014 - 19:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега