Виница и Кочани ќе се спасат од досадните комарци

Првото авионско прскање против комарците во Брегалничкиот регион ке се изврши утре изутрина, бидејки денеска временските услови, врнежливото време не го дозволија тоа.

- Комарците ке се третираат авионски во рамките на координираната акција на неколку општини од овој регион. Во Кочанско ке се третира површина од 3.000 хектари во неколку фази, ни изјави Аника Илијеска Ѓоргиева од Општина Кочани.

Против комарците на површина од 1.000 хектари авионски ке се прска утре изутрина и во атарот на општината Виница. Во општина Чешиново Облешево каде ке се третира површина од 900 хектари, од сливот на Злетовска река во река Брегалница, по течението на река Брегалница, како и во селата Теранци, Соколарци, Спанчево, Чешиново, Чифлик,  Бање и облешево.

17.06.2014 - 15:39
Фото: 
црнобело
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега