Холандскиот „Channel 3 Travels“ ќе ги прикаже убавините на Македонија

Холандското ТВ шоу „Channel 3 Travels“ кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија „Nederland 3“ започна да снима репортажи за Македонија во кои ќе бидат прикажани убавините на земјата.

Како што соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, снимањето почнува во Скопје со претставување на старите занаети во Скопската чаршија, тврдината Кале, Даут Пашин Амам, Спомен куќата на Мајка Тереза, Милениумскиот крст на Водно и кањонот Матка. Екипата на  „Channel 3 Travels“ ќе ги снима и специјалитетите од македонската кујна, а ќе ги посетат македонските традиционални ресторани и кафе барови. Ќе ги снимаат и Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс „Св Наум“.

- Согласно програмските активности за 2014 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација „BNN Network“. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ и економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Холандија, на кој учествуваше и Македонија остварија првична средба со претставници на водечкото ТВ шоу во Холандија,  „Channel 3 Travels“ кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Недерланд 3”, се вели во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот.

Огранизациски и логистички снимањето на овој документарец е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.

17.06.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега